вторник, 31 март 2026

Руските космонаути пристигнаа во вселената во одела со боите на украинското знаме (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новиот тим космонаути беше срдечно пречекан од четворицата Американци, двајцата Руси и едниот германски член на екипажот кои веќе престојуваат на станицата.

Сите седуммина сегашни станари на вселенската станица се ракувале и прегрнале со новодојдените руски космонаути.

Тројцата руски космонаути пристигнаа на Меѓународната вселенска станица во жолти одела со сини детали, кои се боите на украинското знаме.

Олег Артемиев, командантот на рускиот тим, носел сино вселенско одело на видеото на кое се гледа како капсулата Сојуз се подготвува да се спои со вселенската станица.

Не е познато дали имале намера да испратат порака со пресоблекување во жолти одела.

Кога астронаутите разговарале со членовите на своите семејства на Земјата, Артемиев бил прашан за оделата. Тој одговори дека секој екипаж ги избира своите одела.

„Дојде на ред да избереме боја, но досега имаме акумулирано многу жолт материјал и моравме да го искористиме. Затоа моравме да носиме жолто“, рече тој.

Рускиот тим започнува мисија која ќе трае шест и пол месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ