среда, 1 април 2026

Рускиот премиер: Поради невидените санкции се наоѓаме во најтешката ситуација во последните 30 години

Објавено на

часот

Сподели

Западните земји продолжуваат да воведуваат економски санкции кон Русија со цел да ја принудат да ја прекине воената операција во Украина и да ги повлече своите сили. Русија инвазијата на Украина ја нарекува „специјална операција“ за демилитаризација и „денацификација“ на својот сосед.

„Несомнено можеме да ја наречеме сегашната ситуација најтешката за Русија во последните три децении“, рече Мишустин во Думата, долниот дом на рускиот парламент. „Вакви санкции не беа користени ниту во најмрачните времиња на Студената војна“, пренесе Ројтерс.

Западните санкции веќе ја исклучија Русија од глобалната финансиска мрежа и ги лишија нејзините најголеми банки од пристапот до СВИФТ, глобалниот платежен систем, додека некои трговци почнаа да ја одбиваат руската нафта и да го зголемуваат притисокот врз финансиите на Москва.

Мишустин рече дека Русија ќе мора да потроши сè што ќе заработи оваа година на државна помош. Владата досега вети повеќе од трилион рубли за поддршка на бизниси, семејства со деца и социјална помош. Од нив 250 милијарди рубли ќе бидат потрошени за државна помош за Руските железници.

Бидејќи некои од компаниите кои заминуваат ги пренесуваат своите акции на руски компании, наведе Мишустин, новата ситуација нуди простор за нови деловни можности. „Нашиот финансиски систем, крвотокот на целата економија, опстана“, рече Мишустин. „Берзата и рублата се стабилизираат. Се сомневам дека некоја друга земја би го издржала ова. Ние го издржавме.“

Европската комисија во вторникот предложи нови санкции за Русија, вклучително и забрана за увоз на руски јаглен и забранет пристап на руските бродови на пристаништата на ЕУ и додаде дека работи на забрана за увоз на нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ