среда, 17 декември 2025

Рускиот парламент размислува да забрани размена на борците од Азов за руски војници

Објавено на

часот

Сподели

Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, размислува за забрана на размената на борци од украинскиот полк Азов за руски војници, соопшти во вторникот канал на Телеграм што ги пренесува одлуките на Думата.

Новинската агенција ТАСС го цитираше спикерот на Думата, Вјачеслав Володин, кој рече дека „нацистичките криминалци“ не треба да се разменуваат.

Претходно во дебата во долниот дом на рускиот парламент, откако борците во украинската фабрика за челик Азовстал се предадоа, пратеникот Леонид Слуцки рече дека иако Русија има мораториум на смртната казна, треба „внимателно да се размисли“ да се воведе смртна казна за борците во Азов, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ