Истакнаа дека им се придружил Јарослав Качински, лидерот на владејачката полска Партија на правото и правдата и брат на претседателот Лех Качински, за чија смрт во уривањето на авионот кај рускиот град Смоленск полската власт сè уште ја обвинува Русија.
По состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Качински повика на испраќање постојана оружена мисија на НАТО во Украина. Таа изјава е повод за коментарот на Правда дека „историјата Полјаците ништо не ги научила, тие очигледно сакаат четврта поделба на Полска или едноставно самоуништување“.
„Полска секогаш била хиената на Европа, во фигуративниот израз на Винстон Черчил“, пишува Правда. Рускиот весник потсетува дека по завршувањето на Втората светска војна Полска ги окупирала западна Украина и Белорусија, а набрзо потоа и главниот град на Литванија, Вилнус.
„По војната, Полска ги доби источните региони на Германија, кои сочинуваат третина од денешната територија на Полска. Само на сметка на наоѓалиштата на минерални суровини во тие подрачја полскиот буџет доби над 130 милијарди долари, што е двојно повеќе од сите отштети и компензации кои Германија ѝ ги плати на Полска. Уште поголемо значење имаше проширувањето на брегот на Балтичкото Море од 71 на 526 километри.
Можеме да кажеме дека сето тоа денешна Полска му го должи на Јосиф Висарионович Сталин. Но Полска тоа не го цени, ја смета територијата на Украина за своја колонија и спремна е, како хиена, да профитира на нејзините остатоци. Време е да се изврши денацификација на Полска како соучесник на режимот на (украинскиот нацистички лидер на Украина Степан) Бандера. Особено поради тоа што таа самата тоа го бара“, пишува Правда.
Дел од јавноста близок до десничарската полска партија Право и правда го смета ова за отворена руска закана.






