Возот префрлил 248 странски државјани од украинскиот регион Херсон во градот Армјанск, лоциран на северниот дел на полуостровот Крим. На снимката објавена од руската телевизија се гледа дека возот има обична локомотива, блиндиран вагон, отворена блиндирана платформа, вагон со противвоздушен топ како и повеќе ПВО оружја а други вагони.
На друга снимка, наводно направена во околината на Мелитопол, се гледа возот како минува низ периферијата на украинскиот град.
[video:https://youtu.be/ROH1HyxiZVU autoplay:0]





