Муратов е уредник на Новаја газета, еден од ретките преостанати слободни медиуми во Русија.
Минатата година тој ја доби Нобеловата награда за мир за борбата за слобода на изразувањето во Русија.
„Освен тагата, јас и моите колеги се срамиме“, рече Муратов.
„Што е следно – нуклеарен напад?“, праша тој. „Владимир Путин си игра со нуклеарното копче како со клучеви од автомобил.“
Следниот број на Нова газета ќе биде двојазичен, на руски и на украински.
„Украина не ни е непријател и украинскиот јазик не е непријателски јазик“, рече тој. „И никогаш нема да биде.“






