вторник, 31 март 2026

Руски амбасадор: Тие што го вооружуваат Киев треба да размислат за последиците

Објавено на

часот

Сподели

„Пумпањето на режимот во Киев со оружје и испраќањето странски платеници на украинска територија е неодговорно и крајно опасно. Милитаризацијата на Украина претставува директна закана за европската и глобалната безбедност“, објави на Телеграм канцеларијата на рускиот амбасадор за односи со јавноста.

Антонов тврди дека значителен дел од оружјето доставено до Украина од Западот паѓа во рацете на бандити, нацисти, терористи и криминалци, додека милитантите што дошле од целиот свет во Европа потоа можат искуството од борбите стекнато во Украина да го применат каде било.

Антонов, исто така, рече дека земјите-членки на НАТО очигледно заборавиле што се случувало во 1980-тите на целиот Блиски Исток.

„А сега, во потрага по финансиска добивка, компаниите за оружје целосно ги загубија моралните принципи и се спремни да заработат пари од туѓа крв“, продолжи тој.

„Ги повикуваме спонзорите на режимот во Киев да престанат да поттикнуваат крвопролевање во Украина и сериозно да размислат за последиците од своите активности“, рече Антонов.

ТАСС на крај пишува дека американскиот претседател Џо Бајден минатата недела изјави дека неговата земја планира да обезбеди дополнителна воена помош за Киев, вклучувајќи противвоздушни системи, беспилотни летала, противтенковски ракети, малокалибарско оружје и муниција. Тој вети и 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина. Денеска Бајден тргнува кон Европа, а утре ќе објави нови санкции против Русите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ