вторник, 31 март 2026

Руската војска вели дека има документирани докази за биоексперименти финансирани од САД во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека во Украина се создавале компоненти на биолошко оружје“, рече Кирилов. Тој покажа документ од 6 март 2015 година со кој наводно се потврдува „директната вмешаност на Пентагон во финансирањето воени биолошки експерименти во Украина“, објави ТАСС.

Тој истакна дека е стандардна практика да се финансираат американски проекти за санитарна и епидемиолошка благосостојба во трети земји, вклучително и земји во Африка и Азија, преку националните здравствени агенции.

„Русија бара САД итно да обелоденат информации за активностите за биолошка војна во Украина“, соопшти денеска и руската амбасада во Вашингтон на Телеграм.

„За време на специјална операција во Украина, руското Министерство за одбрана доби докази за создавање компоненти на биолошко оружје со директно учество на Пентагон“, соопшти амбасадата. „Американското финансирање проекти за биолошко војување на украинска територија е документирано“.

САД потрошиле 32 милиони долари за проектите, соопшти амбасадата.

Амбасадата соопшти дека Русија „е со сигурност свесна дека украинските радикални групи под надзор на претставници на американските специјални служби подготвиле неколку можни сценарија за употреба на отровни хемикалии за извршување провокации против цивили“. Според соопштението, целта на овие акции била да се обвини Русија за употреба на хемиско оружје во Украина. „Таквите информации не може да не предизвикаат сериозна загриженост, имајќи предвид дека САД сè уште не ги уништиле националните залихи на агенси за хемиско војување“, се вели во соопштението.

„Бараме од САД итно да ги откријат информациите за активностите за биолошка војна во лабораториите на украинската територија“, се вели во соопштението. „Какво мирнодопско истражување може да биде тоа ако зад целата работа стои Пентагон?“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ