понеделник, 30 март 2026

Русија тврди дека украинска ракета убила 20 луѓе во Доњецк (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Проруските сепаратисти што го контролираат овој регион во источна Украина изјавија претходно дека едно дете е меѓу погодените во денешниот напад, обвинувајќи го Киев за воени злосторства.

Украинската ракета Точка-У била пресретната и соборена над бунтовничкото упориште, но парчиња од неа паднале во центарот на градот под контрола на бунтовниците, убивајќи цивили, рекол локалниот сепаратистички лидер Денис Пушилин, пренесе ТАСС.

„Луѓето чекаа ред во близина на банкомат и стоеја на автобуска станица“, изјави Пушилин за мрежата „Россија 24“.

„Има деца меѓу загинатите“, рекол Пушилин и додал дека бројот на жртви ќе бил поголем доколку проектилот не бил соборен.

Руските информации, кои украинските власти ги негираа, не можело независно да се проверат бидејќи тој украински регион од 2014 го контролираат проруските бунтовници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ