вторник, 31 март 2026

Русија тврди дека ја завршила првата фаза од војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Рудској тврди дека украинските воздухопловни сили и системот за противвоздушна одбрана биле „речиси целосно уништени“, како и дека морнарицата на земјата веќе не постои.

Тој додаде дека се погодени сите 16 украински воени аеродроми, како и 39 складишта за муниција, каде што се складирани 70 отсто од вкупната воена опрема.

„Украинската армија веќе нема резерви“, рече тој, додавајќи дека луѓето и единиците за територијална одбрана се мобилизираат да се борат против руските војници.

Според него, на украинската страна се борат 6.595 платеници од 62 земји.

Тој предупреди дека „руската армија веднаш соодветно ќе реагира на обидите за затворање на воздушниот простор над Украина“.

Според него, руската армија не цели на цивилни инфраструктурни објекти, а 127 мостови, кои биле уништени во воената зона, биле кренати во воздух од украинските националисти, тврди тој.

Зборувајќи за руските загуби, Рудској рече дека загинале 1.351 руски војници, а 3.825 се ранети.

Украинската армија тврди дека од почетокот на војната се убиени околу 15.800 руски војници.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна напуштањето на светските компании од Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ