Министерството соопшти и дека Русија „ќе продолжи со операциите“ сè додека не ги постигне целите кои ги поставил рускиот претседател Владимир Путин.
Руската војска соопшти и дека „ослободила“ 93 отсто од територијата на самопрогласената Луганска Народна Република, еден од двата бунтовнички региони на истокот на Украина кои ги поддржува Русија.
Министерството за одбрана претходно соопшти дека главните цели на првата фаза на, како што ја нарекува Русија, специјалната воена операција во Украина се исполнети.






