среда, 1 април 2026

Русија: Протерувањето од Советот за човекови права на ОН е незаконско

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека „Русија жали за одлуката“ и „ќе продолжи да ги брани своите интереси користејќи ги сите правни средства“.

Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја исфрли Русија од Советот за човекови права на ОН поради извештаите за „грубо и систематско кршење и прекршување на човековите права“ во инвазијата на руските војници во Украина.

Протерувањето на една земја од Советот за човекови права на ОН се случи само уште еднаш, кога Либија беше протерана во 2011 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ