Руската војска соопшти дека украинските власти забрзано ги уништувале патогените кои биле проучувани во лабораториите поврзани со американското министерство за одбрана, истакнувајќи дека таквите активности ја покажуваат воената намена на овие истражувања.
Во Украина наводно биле отворени 30 биолошки лаборатории кои активно соработувале со американската војска, изјави рускиот генерал Игор Кирилив, началник на единицата за одбрана од радиолошко, хемиско и биолошко оружје.
[video:https://youtu.be/-qlP_Aq4O5c autoplay:0]На листата на партнери на овие лаборатории се Одбранбената агенција за намалување на закани на Пентагон и Волтер Рид воениот истражен институт – најголемата биомедицинска истражна установа на американската војска.
Многу од овие лаборатории биле активни од промената на власта во 2014 година во Украина а нивното појавување коинцидира со зголемување на случаите на заразни болести во регионот, вклучувајќи сипаници, дифтерија и туберкулоза, тврди руската војска.
„Откако руската војска влезе во Украина на 24 февруари, овие лаборатории почнале забрзано да ги уништуваат материјалите на кои работеле, вклучувајќи високо патогени бактериолошки и вирусни материи“, кажа Кирилов, додавајќи дека Москва има документи за сето ова да го докаже.
[video:https://youtu.be/oSXRYl9LNPA autoplay:0]Анализа на документите наводно покажала дека лабораториите работеле со опасни инфекции како антракс и чума. „Разновидноста и огромното количество на биолошки материи сугерираат дека она што се работело во овие лаборатории било дел од воени биолошки програми“, кажа рускиот генерал.
„Доколку овие материјали паднат во рацете на руски експерти, тие најверојатно ќе докажат дека Украина и САД ја прекршиле Конвенцијата за биолошко оружје“, кажа Кирилов, додавајќи дека тоа е единствената логика со која можат да го објаснат нивното забрзано уништување.
Киев негира дека имало развој на биолошко оружје на украинска територија, додека Вашингтон, откако долго време негираше дека се вмешани во какви било лаборатории во Украина, сега тврди вели дека има лаборатории, но не какви што тврдат Русите.
[video:https://youtu.be/Y39veTO7kF4 autoplay:0]





