сабота, 14 март 2026

Русија повлекува дел војници од границата со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, според новинската агенција Интерфакс.

Но големите вежби низ целата земја продолжуваат, додава Интерфакс.

Руската новинска агенција го цитираше министерството дека додека продолжуваат големите вежби низ земјата, некои единици од јужниот и западниот воен округ ги завршиле своите вежби и почнале да се враќаат во базите.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави: „Единиците на јужниот и западниот воен округ што ги завршија своите мисии веќе почнаа да се качуваат во железничкиот и автомобилскиот транспорт и денеска ќе почнат да се враќаат во своите гарнизони. Одделни единици ќе маршираат пеш како дел од воените конвои.“

„Голем број борбени тренинзи, вклучително и вежби, беа спроведени според планираното“, додаде тој.

Но некои вежби сѐ уште се во тек, рече Конашенков.

„Руските вооружени сили продолжуваат со низа големи вежби за оперативна обука на трупите и силите. Учествуваат практично сите воени области, флоти и воздухопловни трупи.“

Уште една голема вежба во регионот, заедничките воени игри на руско-белоруската унија, треба да заврши на 20 февруари.

Што значи повлекувањето?

Московското биро на Фајненшл тајмс објави дека пазарите ова го читаат како знак на деескалација.

За другите аналитичари, ќе биде премногу рано да се каже дали ова навистина сигнализира промена, вели Гардијан.

Руската рубља порасна за 1,5% набргу откако руското Министерство за одбрана објави дека некои војници во близина на границата со Украина се повлекуваат.

Руската валута е под притисок поради стравувањата на инвеститорите за влијанието на понатамошните западни санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ