Републиканскиот сенатор Линдзи Греам повика вчера „некој во Русија“ да се „истакне“ и да го убие претседателот Владимир Путин, а тој што ќе го направи тоа ќе им направи на земјата и на светот „голема услуга“. Рускиот амбасадор во Вашингтон забелешките ги нарече „неприфатливи и скандалозни“.
Сенаторот на Јужна Каролина повика на атентат на Путин при гостување на Фокс њуз, и цитираше примери од историјата на заговори за убиства на политички лидери, вклучувајќи ги Цезар и Адолф Хитлер.
„Има ли Брут во Русија? Има ли поуспешен полковник Штауфенберг во руската војска?“, праша Греам. „Единствениот начин да се стави крај на ова е некој во Русија да го убие овој тип“.
— Lindsey Graham (@LindseyGrahamSC) March 4, 2022
Коментирајќи ги забелешките, рускиот амбасадор Анатолиј Антонов ги нарече „неприфатливи и скандалозни“ и додаде дека „ова покажува дека русофобијата и омразата на Русија во Соединетите Американски Држави“ ја надминале секоја мерка и истакна дека Греам фактички повикува на терористички акт за да се спроведат политичките цели на Вашингтон.
Москва е уплашена за иднината на американската нација, имајќи предвид дека ја предводат луѓе како сенаторот Греам, порача рускиот дипломат.
Обидите да се убијат странски лидер не ѝ се непознати на американската надворешна политика. Лидерот на револуцијата на Куба Фидел Кастро е најистакнатиот пример. Тој бил цел на повеќе заговори за убиство главно организирани од ЦИА.






