Во соопштението се наведува дека одлуката за продолжување на поддршката на Киев покажува дека западниот воен сојуз сака продолжување на конфликтот, пренесуваат руските агенции.
„Одлуката на Западот да ѝ испраќа оружје на Украина ја поттикна украинската влада да употреби сила против бунтовничките енклави кои ги поддржува Русија во источна Украина“, соопшти министерството.
Русија постојано кажува дека жителите на источните региони на Украина се соочени со геноцид.






