вторник, 31 март 2026

Русија им испрати порака на странските платеници во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Ги знаеме сите локации со странски платеници во Украина“, кажа портпаролот на руската војска генералот Игор Конашенков. „Сакам повторно да ве предупредам – нема да има милост за платениците, без разлика каде се на територијата на Украина“.

Конашенков кажа дека повеќе западни влади ги охрабрувале своите граѓани да се борат против руските трупи како платени војници, додавајќи дека „целата понатамошна одговорност за смртта на оваа категорија странски граѓани во Украина е целосно на грбот на лидерите на тие земји“.

„Целените напади ќе продолжат“, кажа Конашенков, алудирајќи на нападот во неделата со крстосувачки проектили на базите Јаворов и Старичи во западна Украина.

Според Москва, проектилите ги уништиле објектите кои ги користела „Меѓународната легија на Украина“ и убиле „над 180 странски борци“.

Киев соопшти дека 35 лица биле убиени и 130 повредени во нападот на Меѓународниот центар за мир и безбедност, официјалното име на воената база во близина на Јаворов. Таа била користена од НАТО за обука на украински војници.

Иако украинските власти инсистираат дека странски борци не загинале во нападот, неколку британски медиуми јавија дека тројца поранешни британски специјалци загинале во Јаворов, како и „многу други кои биле убиени во базата“. Ова не е официјално потврдено од британската влада. САД, во меѓувреме, соопштија дека „немало американски војници, платеници или цивилни соработници“ во Јаворов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ