Претседателката на Молдавија Маја Санду денес ќе свика состанок на Врховниот совет за безбедност на земјата, како резултат на инцидентите што се случија во отцепениот регион Придњестровје.
Во меѓувреме, Ројтерс известува дека Денис Пушилин, лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, рече дека следната фаза на руската воена интервенција е клучна по безбедносните инциденти надвор од регионот, наведувајќи ги како пример експлозиите во Придњестровје и наводното гранатирање на руските погранични региони.
„Темпото со кое (воената) операција пристигнува до нашите граници ни е важно за да ја започнеме нашата следна фаза, која е потребна по она на што сведочевме во Придњестровје и пограничните региони на Русија“, рече Пушлин, а пренесува агенцијата РИА.






