Дмитриј Полјански ги критикуваше западните сили, порачувајќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.
„Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ги следат своите себични интереси, а не интересите на украинскиот народ, кога поттикнуваат непријателства во една источноевропска држава“, кажа рускиот дипломат.
„Добивме најнови докази за тоа колку се валкани вашите трикови. Имаме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина едноставно шпионирала за Киев“, кажа Полјански. Тој истакна дека Русија собира уште докази за отворање постапка против набљудувачите.






