четврток, 29 јануари 2026

Русија ги повлекува дипломатите од Украина, тензиите се сѐ поголеми

Објавено на

часот

Сподели

„Стравувајќи од можни провокации од киевскиот режим или од трети земји, се решивме на одредено намалување на персоналот на руските претставништа во Украина“, рече портпаролката на руската дипломатија во соопштението за јавноста, одговарајќи на медиумско прашање за намалување на бројот на дипломати.

„Со оглед на значајното влијание што Вашингтон и Лондон го имаат врз Киев… заклучуваме дека нашите американски и британски колеги се јасно свесни за одредени дејствија што се подготвуваат во Украина кои би можеле значително да ја комплицираат безбедносната ситуација“, додаде Марија Захарова.

Многу западни амбасади презедоа слични мерки, а некои земји како САД, Канада и Австралија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина што е можно поскоро.

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин треба да разговараат по телефон во сабота додека стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина стануваат се поконкретни.

Во петокот, САД објавија предупредување дека таков напад би можел да се случи во следните 10 дена и западните влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.

Обраќајќи им се на новинарите откако американскиот претседател одржа видео-конференција со неколку светски лидери, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека новата загриженост е дека нападот од кој долго се стравуваше може да започне пред завршувањето на Зимските олимписки игри на 20 февруари.

Засега се шпекулираше дека ваков напад би можел да започне по Зимските игри, за да не се налути Пекинг. Саливан рече дека не е сигурно дека нападот бил нарачан. „Најбрзиот начин да се стави крај на ова ќе биде Русија да ги деескалира своите сили“, рече тој.

И Русија и САД тврдат дека другата страна побарала телефонски разговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ