вторник, 31 март 2026

Русија ги откри контурите на потенцијалниот мировен договор со Украина

Објавено на

часот

Сподели

Владимир Медински, главниот руски преговарач на мировните преговори со Украина, изјави дека Киев ја поддржува идејата да стане неутрална нација.

„Украина предлага австриски или шведски модел на неутрална демилитаризирана држава, но со своја војска и морнарица“, изјави денеска Медински за новинарите, додавајќи дека „големината на украинската армија“ е меѓу прашањата за кои се разговарало.

Москва сака Украина официјално да стане неутрална земја, која никогаш нема да влезе во НАТО.

Медински повтори дека Москва сака Киев да го признае Крим како дел од Русија и да ги признае како независни самонаречените народни републики Доњецк и Луганск, кои сега се дел од Украина, а нивната наводна независност е признаена само од Русија.

„Другите клучни прашања што ја загрижуваат Русија се ‘денацификацијата’ на Украина и правата на руските говорители што живеат во земјата“, рече преговарачот.

„Имаше одреден напредок за неколку прашања, но не за сите“, рече Медински за разговорите со Киев.

Австрија во 1955 година се прогласи за неутрална земја. Нејзините закони ѝ забрануваат на нацијата да се приклучува во воени сојузи и да дозволува странски воени бази на австриска територија.

Шведска често се опишува како „неврзана“ земја, со оглед на нејзината долгогодишна традиција формално да не се приклучува во ниеден воен блок. Не е членка на НАТО и нема странски бази на своја територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ