„Да водеше Русија војна од пол размер, таа веќе одамна ќе беше готова“, порача Володин, а пренесува руската агенција ТАСС.
„Во тој случај Русија ќе ги користеше методите на Соединетите Американски Држави кои вклучуваат бомбардирање и нивната стратегија на „изгорена земја““, кажа тој и додаде дека САД постојано го користат „најдемократското воено воздухопловство во светот како во Југославија, Либија, Ирак и во Сирија“.
„Руските војници не убиваат цивили, туку ги ослободуваат, а понекогаш тоа го прават и по цена на сопствениот живот. Нашите војници даваат сè од себе за да ги спасат мирните жители“, заклучи Володин.






