понеделник, 22 декември 2025

Руни: Сите сме му љубоморни на Роналдо, само еден фудбалер не му е љубоморен

Објавено на

часот

Сподели

Вејн Руни во понеделникот го советуваше Манчестер јунајтед да се ослободи од Кристијано Роналдо и да се фокусира на млади и „гладни“ играчи. Коментарите не му се допаднаа многу на ЦР7, кој му порача на Англичанецот дека е љубоморен.

Тренерот на Дерби сега реши да се помајтапи и порача дека сите му се љубоморни на Кристијано Роналдо, само Лео Меси не е.

„Видов што напишал. Би рекол дека нема фудбалер на планетава кој не му е љубоморен на Кристијано поради кариерата која ја има, трофеите кои ги освои, парите кои ги заработи… стомачните мускули и телото! Сите фудбалери, освен Лео Меси, му се љубоморни на Кристијано“ – вели Руни со насмевка на лицето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ