Роман Абрамович и претходно беше протеран од Велика Британија, но тој во 2018 година стана израелски државјанин и како таков можеше да влегува во Англија.
Последен пат со израелски пасош влегол во Лондон минатиот октомври. Но веќе нема да може да влегува ниту така, велат англиските медиуми.
Тој е на листата од 35 олигарски идентификувани од опозицискиот лидер Алексеи Навални, како едни од клучните луѓе блиски до претседателот Владимир Путин.
Роман Абрамович негираше дека е близок до Кремаљ, но веројатно ќе ги почувствува санкциите на Велика Британија кон Русија и на негова кожа.
Тој веќе никогаш нема да може да стапне на тлото на Велика Британија, а се зборува дека ќе му биде замрзнат и имотот кој го поседува.
По нападот на Русија врз Украина, САД, Велика Британија и Европската унија подготвуваат жестоки санкции за Русија.






