Со измените во Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, се овозможува РКЕ да носи одлуки за прмена на цените на нафтените деривати на дневна основа доколку берзанските цени имаат значителни промени.
„Со измените во правилникот се предвидува дека доколку берзанските цени и/или курсот на доларот во однос на денарот предизвикаат зголемување или намалување во малопродажната цена поголемо или еднакво на 2,00 денари за литар за моторни бензини, дизел гориво и масло за горење, односно 0,300 денари за килограм за мазут, во однос на утврдените цени во последната одлука, тогаш РКЕ ќе донесе нова одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати“, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика.






