понеделник, 8 декември 2025

Рекордни 60 поени за Таунс, Јокиќ го доби дуелот со Ембид (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сан Антонио и Минесота одиграа исклучително ефикасен натпревар и тоа без продолжение. Гостите победија со 139-149.
 
Насловите ги собра ѕвездата на Минесота, Таунс кој имаше неверојатна партија. Тој постигна 60 поени, најмногу од било кој оваа сезона, тоа е и негов личен рекорд, но и рекорд на Минесота. Дури 32 од поените ги постигна во третата четвртина. А покрај тие 60 поени, имаше и 17 скокови.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=60VQV-Lzfp8 autoplay:0]
 
Интересен беше и дуелот меѓу Филаделфија и Денвер каде што се сретнаа кандидатите за МВП, Ембид и Јокиќ. Денвер со одлична последна четвртина дојдоа до победата од 110-114.
 
Ембид со 34 поени беше најдобар стрелец, Харден постигна 24, имаше и 11 асистенции, му фалеше само еден скок за трипл-дабл. Најдобар кај денвер беше Никола Јокиќ со 22 поени, 13 скокови и осум асистенции.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=fh6_C5PEdeM autoplay:0]
 
Резултати:
 
Кливленд – ЛА Анџелес 120:111
Атланта – Портланд 122:113
Филаделфија – Денвер 110:114
Оклахома – Шарлот 116:134
Сан Антонио – Минесота 139:149
Голден стејт – Вашингтон 126:112
Сакраменто – Чикаго 112:103
Јута – Милвоки 111:117
ЛА Лејкерс – Торонто 103:114
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ