среда, 1 април 2026

Рејтингот на Путин кај Русите скокна откако ја нападна Украина, но…

Објавено на

часот

Сподели

Осумдесет и три отсто од руските испитаници рекле дека ги одобруваат дејствата на Путин во март, рече Левада, што е зголемување од 71 отсто во февруари и 69 отсто во јануари.

Но експертите предупредуваат дека бројките можеби не се точен мерач на моменталното домашно расположение, бидејќи јавноста има тенденција да си ги поддржува лидерите во време на војна, вели Москва тајмс.

„Тие бројки само укажуваат дека земјата е во ситуација на војна и дека луѓето го разбираат ова – и испитаниците и оние што не се испитани“, изјави за Москва тајмс Грег Јудин, политиколог и експерт за анкети.

А со оглед на острата репресија на руските власти против антивоените гласови, вклучувајќи го и новиот закон со кој се казнува ширењето „лажни вести“ за војската, како и притворањето илјадници демонстранти, многумина од испитаниците можеби го кријат своето вистинско мислење, вели Москва тајмс.

Скокот на рејтингот на Путин потсетува на 2014 година, кога московската анексија на Крим од Украина го вивна неговиот рејтинг на рекордни висини.

Директорот на Левада, Денис Волков, советува да не се прават паралели со 2014 година – кога рејтингот на Путин се искачи на највисоко ниво по анексијата на Крим.

„Условите денес се различни: самиот конфликт е поголем, што, теоретски, може да го зајакне рејтингот на властите, но економските последици ќе бидат позначајни“, рече Волков.

Руската инвазија на Украина се одолжуваше повеќе од еден месец, при што Кремљ потврди 1.351 загинат – бројка за која Украина и НАТО велат дека е значително поголема.

Повеќе од половина од испитаниците на Левада – 59% – рекле дека веруваат дека нивната земја „се движи во вистинската насока“, а уделот на оние што ги одобруваат активностите на Државната дума е зголемен од 47% на 59%.

Волков, исто така, истакна дека овие бројки најверојатно ќе се променат во наредните месеци со оглед на моменталната неизвесност на економската ситуација што произлегува од санкциите на Западот.

„Во иднина, овие бројки може да отидат во надолна насока. Нема голема еуфорија, луѓето ја чувствуваат сериозноста на ситуацијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ