понеделник, 8 декември 2025
Статистика

Реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун

Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7,2 %, а реално опаѓа за 0,4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7,2 %, а реално опаѓа за 0,4 %,

Во Трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, прометот номинално опаѓа за 2,6 %, а реално за 6,6 %, во Трговијата на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 2,4 %, а реално опаѓа за 3,4 % и Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 2,2 %, а номинално опаѓа за 5,1 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ