недела, 21 декември 2025

Реал Мадрид слави нова титула во Шпанија, Анчелоти испиша историја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид е нов шампион на Шпанија, „кралевите“ стигнаа до титулата број 35 откако попладнево со 4-0 го совладаа Еспањол.

И покрај тоа што имаше големи промени во тимот, домаќините лесно стигнаа до трите бода и со два гола на Родриго, на пауза заминаа со предност од 2-0. Во продолжението од меот Асенсио зголеми на 3-0 а Бензема ги постави конечните 4-0.

Карло Анчелоти вечно ќе го памети овој ден, Италијанецот испиша историја и стана првиот тренер со титула во најсилните пет првенства во Европа (Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ