Договорот на Ридигер со Челси истекува по крајот на оваа сезона, тој нема да продолжи на Стемфорд Бриџ.
Последните информации на Фабрицио Романо велат дека Ридигер има вербален договор со Реал Мадрид.
Тоа ќе биде долгорочен договор, деталите наскоро ќе бидат прецизирани по што тој ќе потпише за кралскиот клуб.
Минатото лето Реал Мадрид го донесе Алаба како слободен играч, а сега Ридигер. Тоа се две големи засилувања за дефанзивата на тимот.






