вторник, 23 декември 2025

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд почнуваат преговори за Халанд

Објавено на

часот

Сподели

Според „Диарио Спорт“, Реал Мадрид станува фаворит во трката по потписот на Халанд. Вацке и Перез наскоро ќе имаат состанок, а договорот може да биде објавен уште оваа недела.

Реал Мадрид првично сакаше Халанд да почека уште една година пред да го ангажираат со оглед на тоа што за следната сезона веројатно ќе го имаат Мбапе, а и Бензема се уште е во врвна форма. Но на напаѓачот не му се чека.

Халанд не сакал да остане уште една година во Дортмунд, па Реал Мадрид мора да реагира за да не го пропушти.

Се верува дека активна е клаузулата од 75 милиони евра, а Борусија Дортмунд го пикирала веќе Карим Адејеми од Салцбург како наследник на Халанд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ