Реал Мадрид без Карло Анчелоти на кормилото, си замина со победа од незгодното гостување кај Селта Виго.
Карим Бензема го отвори резултатот во 19. минута, напаѓачот погоди од белата точка за 0-1.
Селта изедначи на стартот од вториот дел, Нолито реализираше за 1-1.
Во 64. минута, Реал Мадрид доби нов пенал, но Карим Бензема промаши. Пет минути подоцна, судијата одново досуди најстрога казна, Французинот овој пат не погреши и донесе 1-2.






