понеделник, 22 декември 2025

Рангник се чудел кога скаутите на Манчестер јунајтед го известиле дека не го следат Нкунку

Објавено на

часот

Сподели

Ралф Рангник на привремена основа го превзеде кормилото на „ѓаволите“ во ноември, Германецот ќе се повлече од оваа функција по крајот на сезоната, но ќе остане дел од клубот и ќе има улога на советник.

Новинарот на ЕСПН, Марк Огден открива дека кратко по пристигнувањето на Олд Трафорд, Ралф Рангник од скаутите на клубот побарал да ги види извештаите за Кристофер Нкунку. Сепак тој останал зачуден откако му било кажано дека фудбалерот на РБ Лајпциг не е следен и никогаш не бил на нивниот радор.

Германецот потоа им објаснил дека тоа е голема грешка бидејќи Кристофер Нкунку е еден од најдобрите млади играчи во Германија, дека наскоро ќе биде повикан за сениорскиот тим на Франција и дека постигнува многу голови иако игра во средниот ред.

Ралф Рангник сметал дека се работи за фудбалер за кoj секој морал да знае барем нешто.

Кристофер Нкунку има одлична сезона во дресот на РБ Лајпциг со 28 погодици и 18 асистенции на 42 натпревари во сите конкуренции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ