вторник, 23 декември 2025

Работнички ја победи Шкендија, Академија Пандев се качи на второто место

Објавено на

часот

Сподели

Поради снегот, натпреварите од ПМФЛ наместо во неделата која измина, се играа денеска.
 
Лидерот Шкупи не освои три бода, одигра само 0-0 на гостувањето кај Ренова, но и покрај тоа ја зголеми предноста над Шкендија која сега го загуби и второто место.
 
Затоа најзаслужен е Работнички кој го доби дуелот со Шкендија со 2-1.
 
Марио Станковски со гол во 22. минута донесе водство од 1-0 за Работнички, три минути подоцна Шкендија изедначи со гол на Шала. Но Рушевиќ во 59. постигна за победа на романтичарите од 2-1.
 
Академија Пандев со 5-0 го победи Борец. Манев, Маронг, Ѓорѓиев, Хаџановиќ и Велиновски беа стрелци за струмичкиот тим.
 
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 ја совлада Струга ТЛ на нејзин терен. Скопскиот тим имаше предност од 3-0 со голови на Попзлатанов, Костоски и Емини во првото полувреме. Стружани од пенал во финишот од мечот преку Емини постигнаа само почесен гол.
 
Брагалница со 2-1 го победи Пелистер. Ѓокиќ и Георгиев погодија за штипјани, Љамчевски реализираше за Пелистер.
 
Претходно, во саботата Тиквеш со 3-0 го победи Скопје.
 
ПМФЛ 22. коло
 
Работнички – Шкендија 2:1
Ренова – Шкупи 0:0
Академија Пандев – Борец 5:0
Струга ТЛ – Македонија ЃП 1:3
Брегалница – Пелистер 2:1
Тиквеш – Скопје 3:0
 
Табела:
 
1. Шкупи 52
2. Академија Пандев 42
3. Шкендија 41
4. Македонија ЃП 39
5. Брегалница 33
6. Ренова 32
7. Работнички 31
8. Струга 30
9. Тиквеш 21
10. Скопје 21
11. Борец 13
12. Пелистер 6
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ