среда, 1 април 2026

Путин: Западот да не заборави дека национализацијата на рускиот имот е оружје со две острици

Објавено на

часот

Сподели

Наведе дека Западот се обидува да го реши проблемот во енергетскиот сектор на сметка на Русија така што се обидува да го национализира рускиот имот.

Механизмот за национализација на имотот не им е достапен само на европските политичари, порача рускиот лидер, коментирајќи ги плановите за непријателски чекори против имотот на Газпром, пренесуваат руските медиуми.

„Значи, одиме далеку. Западот да не заборави дека ова е оружје со две острици“, кажа Путин.

На крајот на март беше објавено дека германската влада размислува за можноста за национализација на имотот на руските нафтени и гасни државни компании и нивните филијали во земјата. Германската влада сака да спречи ризик од масовен прекин на снабдувањето со електрична енергија во случај на тешкотии за овие компании, кои се од системско значење за Германија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа претходно дека планот за национализација на филијалите на Газпром и Роснефт би ги прекршил сите меѓународни правила.

„Таквиот план многу сериозно би го нарушил меѓународното право и сите замисливи и незамисливи правила и закони. Затоа највнимателно ќе го следиме. Сметаме, нормално дека дури и проучувањето на самото прашање е неприфатливо“, кажа Песков.

Путин зборуваше и за ситуацијата на глобалниот пазар на храна.

„Како што знаете, ситуацијата на глобалниот пазар на храна стана многу покомплицирана во последните две години. Грешките во економската, енергетската и политиката околу храната доведоа до остар раст на цените на храната во развиените земји низ светот пред две години. А во последните неколку недели ситуацијата само се влоши“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ