Западните земји воведоа серија остри санкции за руските државни компании и функционери поврзани со Кремљ поради руската инвазија на Украина, која започна кон крајот на февруари.
Според новата уредба потпишана од Путин денеска, Русија ќе забрани извоз на производи и суровини на лица и субјекти кои одлучила да ги санкционира. Имињата на тие поединци и субјекти не се вклучени во текстот на уредбата, наведува Ројтерс. Но, уредбата ѝ дава на руската влада 10 дена да состави список на оние кои ќе бидат санкционирани и да дефинира „дополнителни критериуми“ за серија трансакции кои во иднина би можеле да им бидат ограничени на санкционираните.
Новата уредба исто така забранува финансиски трансакции со странци и компании од списокот на санкционирани и им дозволува на руските компании и поединци погодени од западните санкции да не ги исполнат договорните обврски кон оние на рускиот список со санкционирани.






