„Забележано е дека режимот во Киев на секој можен начин се обидува да го одложи преговарачкиот процес, изнесувајќи сè понереални предлози“, соопшти Кремљ.
Сепак, како што се додава, руската страна е подготвена да продолжи да бара решение во согласност со нејзините „добро познати принципиелни пристапи“, пренесува Ројтерс.
Од друга страна, Олаф Шолц повика на прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на германската влада.
Во речиси едночасовниот разговор, Шолц ја истакнал потребата од подобрување на хуманитарната ситуација и што поскоро напредок во наоѓањето дипломатско решение.






