понеделник, 30 март 2026

Путин потпиша закон со кој изнајмените странски авиони сега им припаѓаат на руските авиокомпании

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се дозволува на руските авиокомпании да ги регистрираат изнајмените странски авиони како своја сопственост, објави новинската агенција Тасс.

Ова значи дека западните авиокомпании што ѝ изнајмиле авиони на Русија нема да можат да си ги вратат леталата, а санкциите воведени по руската инвазија на Украина им даваат рок до 28 март да се ослободат од договорите со руските авиокомпании.

Според консултантската фирма ИБА, до четвртокот имало 523 авиони изнајмени на руски авиокомпании од компании надвор од земјата. Од нив, 101 се под закуп на С7 ерлајнс и 89 на Аерофлот. Двете авиокомпании престанаа да летаат на меѓународно ниво, елиминирајќи ја секоја шанса за враќање на авионите на странска територија.

Законот што го потпиша Путин дава можност за регистрација на правата на тие летала и издавање сертификати за нивна домашна пловидба. Документот е објавен на официјалниот веб-портал за правни информации.

Измените на рускиот воздушен кодекс и некои други законски акти им овозможуваат на руските авиокомпании да ја задржат странската флота на авиони и да им овозможат да оперираат на домашни линии. Цивилните авиони ќе се сертифицираат со помош на центри за сертификација и лаборатории за тестирање, а барањата за нив ќе ги утврди Министерството за транспорт, вели ТАСС.

Целта на документот е непречено функционирање на цивилната авијација како дел од антисанкционите мерки, вели ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ