„Таму има одредени позитивни промени, како што ме информираа преговарачите од нашата страна“, му рекол Путин на својот сојузник белорускиот лидер Александар Лукашенко на состанокот во Москва.

Досега имаше три круга преговори меѓу преговарачките тимови на двете страни на границата Украина-Белорусија – а во четвртокот министрите за надворешни работи на Украина и Русија се состанаа на разговори во Турција.
Сепак, засега нема конкретни резултати од разговорите.
Путин се осврнал и на прашањето за санкциите против Русија, сугерирајќи дека тие би можеле да имаат позитивен ефект врз земјата.
„Ова се моменти на можност да се придвижиме кон зајакнување на нашиот економски и технолошки суверенитет“, рече тој.






