вторник, 31 март 2026

Путин ја обвини ЕУ дека го игнорира нападот врз цивилите во Доњецк

Објавено на

часот

Сподели

Путин ова го кажа во разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, пренесе прес-службата на Кремљ.

Се напоменува дека Путин и Мишел разговарале за ситуацијата во врска со спроведувањето на специјалната воена операција на Русија за заштита на републиките на Донбас, како и за хуманитарните аспекти, вклучувајќи ги мерките за евакуација на цивилите.

„Претседателот на Русија особено внимание посвети на фактот што раководството на Европската Унија, јавно оценувајќи ги случувањата, ја игнорираше вчерашната злосторничка и нехумана акција на украинската војска – ракетниот напад на станбена населба во центарот на Доњецк со примена на касетна муниција, што доведе до бројни жртви меѓу цивилното население“, се истакнува во руското соопштение.

Покрај тоа, Путин ги изнел своите принципиелни оценки за тековните преговори меѓу руските и украинските претставници со добро познатите руски ставови.

„Истовремено е забележано дека Киев не покажува сериозен став кон наоѓањето обострано прифатливи решенија“, се истакнува во соопштението на Кремљ.

Во ракетен напад на украинските сили на центарот на Доњецк вчера загинаа повеќе од 20 луѓе, а 28 се ранети, меѓу кои и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ