понеделник, 22 декември 2025

ПСЖ му нуди на Мбапе неверојатни 150 милиони евра за две години

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе минатата недела ја отвори вратата за продолжување на престојот на „Паркот на принцовите“ и говореше за нови моменти во преговорите.

Новинарот Гиљем Балаге сега вели дека тие нови моменти се всушност неверојатна понуда од ПСЖ, „светците“ на маса ставиле 150 милиони евра за две години.

Гиљем Балаге исто така додава дека Килијан Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид, но бара „кралевите“ да му дадат повеќе пари. Секако, не очекува да го изедначат предлогот на ПСЖ, но да понудат повеќе од тоа што во моментов го нудат (плата од околу 30 милиони евра по сезона).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ