Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром.
„По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 1,20 часот се предало на полициски службеници од оперативен тим потраги на подрачје на населбата Аеродром“, информира МВР.
Покрај Ѓорѓиевски, приведени се и одреден им е 30-дневен притвор и на 19-годишната Климентина Левковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје кој почина на скопските клиники.






