понеделник, 22 декември 2025

Првиот човек на украинскиот фудбал, на Конгресот на ФИФА се обрати од фронтот во Киев (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поради војната во неговата земја, претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андреј Павелко не беше присутен на конгресот во Доха, но испрати порака преку видео-линк од фронтот во Киев облечен во панцир.
 
ФИФА денеска донесе одлука за суспензија на три земји поради политичко мешање во фудбалот, Кенија, Зимбабве и Пакистан.
 
„За жал не можам да бидам со вас затоа што повеќе од еден месец ја браниме нашата земја од агресијата на Русија. Фудбалот е во втор план затоа што луѓе секојдневно гинат. Јас сум благодарен за фудбалската помош на Украина, луѓето од фудбалот и организациите се тука за нас, благодарам за сите хуманитарни акции, Украина ви е благодарна!. Благодарност и до првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин кој организираше група за помош на украинскуте фудбалери. Со нас е вистината, ќе го победиме агресорот и ќе го заборавиме овој хорор. Ние не сакаме борби на улици со оружје, сакаме борба на стадионите, во спортски дух и ферплеј“, изјави Андреј Павелко по што доби аплауз од присутните на конгресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ