понеделник, 22 декември 2025

Прв хет-трик во кариерата за Заниоло, Рома лесно се справи со Бодо/Глимт (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рома одигра натпревар на многу повисоко ниво отколку на претходните три против Бодо/Глимт, вечерва норвешкиот тим немаше никаква шанса против римската волчица.
 
Дека на Норвежаните не им се пишува добро најави Абрахам со гол уште во 5. минута од натпреварот за водство на Рома од 1-0.
 
А потоа почна шоуто на Николо Заниоло кој по две пропуштени шанси, првиот гол го даде во 23. минута, а шест минути подоцна погоди уште еднаш за убедливи 3-0. Резултат со кој заврши првото полувреме.
 
По четири минути игра во вториот дел Заниоло даде уште еден гол за негов прв хет-трик во кариерата и водство на Рома од 4-0.
 
Потоа Рома намали со нападите, ја смири играта и рутински го доведе мечот до крај.
 
Рома во полуфиналето ќе игра против Лестер кој претходно го победи ПСВ со 2-1 во Ајндховен.
 
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Марсеј и Феенорд.
 
Марсеј уште еднаш го победи ПАОК, овојпат со 1-0 во Солун и со вкупни 3-1 помина понатаму.
 
Феенорд со 3-1 ја победи Славија во Прага и со вкупни 6-4 се пласираше во полуфиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ