Караванот, кој е прв од ваков тип, имаше за цел да ги презентира и промовира економските потенцијали на домашните фирми и да ги запознае претставниците на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија со инвестициските можности во ЈЗПР.
Во рамки на караванот, беше реализирана посета на трите најголеми економски центри во ЈЗПР: Општина Кичево, Општина Охрид и Општина Струга. Покрај официјалната посета на општините и одделните работни средби со градоначалниците, беше остварена и посета на Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Кичево, посета на локални фирми во Општина Охрид како и презентација на потенцијалите на повеќе домашни фирми во просториите на Општина Охрид. Крајната станица на првиот економски дипломатски караван беше Општина Струга, каде беше реализиран работен состанок во седиштето на Центарот за развој на ЈЗПР.
На последователниот централен настан во Струга, свои поздравни говори одржаа Заменик министерот за надворешни работи, Фатмире Исаки, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи, и градоначалникот на Општина Струга и претседател на Советот за развој на ЈЗПР, Рамиз Мерко.
Воедно, ЗМНР Ф. Исаки и ДБРР Р. Реџепи потпишаа Меморандум за соработка меѓу МНР и БРР, кој има за цел продлабочување на соработката помеѓу двете институции како и заедничка организација на економски дипломатски каравани во останатите плански региони низ Државата. Во склоп на настанот, свои презентации имаа и неколку извозно ориентирани компании со седиште во ЈЗПР, кои посочија дека се целосно отворени за соработка со партнери од земјите на присутните дипломатски претставници.






