вторник, 23 декември 2025

Пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана во Гевгелија

Објавено на

часот

Сподели

Во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска” со Гевгелија, во пластични саксии со хумусна земја, осомничениот засадил повеќе семки од растението канабис. Во периодот од декември 2021 до 25 март 2022 година редовно ги наводнувал и прихранувал со ѓубриво, ги осветлувал со ЛЕД сијалици и ги затоплувал. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, ги собирал цветните завршетоци, ги сушел и ги пакувал за продажба. При претрес во домот на осомничениот на 25 март биле пронајдени повеќе различни пакувања со поголемо количество марихуана, како и остатоци од исушени листови, цветови и гранки од канабис, но и опрема за одгледување на растението.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои што упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ