среда, 17 декември 2025

Пронајден починат мигрант со убодни рани кај Гевгелија

Објавено на

часот

Сподели

Вчеравечер во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото, соопшти МВР

Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан.

Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ