Поранешниот американски генерал смета дека бројни соработници на Путин се крајно незадоволни од катастрофата која ја предизвикал нападот на Украина и дека би можело да дојде и до државен удар, и тоа баш сега, кога има гласини за здравјето на рускиот претседател.
„Рускиот диктатор е очаен, сака да ја задржи власта поради стравот дека некој од претендентите на неговото место би можел да го убие. Во политичката атмосфера која самиот ја создаде, во која не владеат ни институциите ни законите кои би го заштитиле, падот од тронот значи дека Путин би бил во сериозна опасност од воените и разузнавачките служби кои се гневни на него поради дебаклот во Украина“, кажа Кин за британски медиуми.
Додава дека примарната цел на Путин е да ја обнови руската империја и да биде доживотен претседател, а не да замине во пензија.
„Освен улогата на руски претседател, тој нема иднина“, смета американскиот генерал.






