четврток, 9 април 2026

Продолжена забраната за извоз на масло за јадење и некои житарици

Објавено на

часот

Сподели

До 15 мај година ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед, наброја Бектеши.

Тој нагласува дека е донесена одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај.

„Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените“, напиша министерот Бектеши.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

„Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржи економска стабилност“, нагласува министерот за економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ