вторник, 23 декември 2025

Приведен дилер од Велес, најдена дрога вредна 20.000 евра

Објавено на

часот

Сподели

При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот.

Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста” и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ